H&M и даде отказ на Кара Делевињ

5 август 2013

Cara Delevingne for H&M 2013-051

Познатиот бренд одлучи да ја прекине соработката со познатиот модел.

Во само неколку сезони, Кара успеа да се наметне како миленичка на бројните дизајнери и брендови, а за нејзината појава во еднаква мера се заинтересираа и hight street брендовите. Така, таа стана заштитно лице на многубројни кампањи.

Заедно со Бубери, Шанел и Зара, Кара беше дел и од H&M. Шведскиот моден синџир одлучи дури таа да биде заштитното лице на ексклузивната ревија, одржана во рамки на последната модна недела во Париз.

Сепак, оваа плодна соработка не потраја долго, а во модните кулоари изминатиов викенд се прошири информација како H&M едвај чека да и даде отказ на Кара и тоа поради фотографите на кои Кара е снимена со кесичка со бел прав пред својот стан во Лондон.

H&M ги потврди шпекулациите дека бараната моделка не работи веќе за нив, но дека нема нема некоја посебна причина, како и тоа дека не ја отфрлаат можноста за повторна соработка.

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Актуел