H&M со книга ќе ја одбележи 10-годишнината од соработката со дизајнери

1 ноември 2014

Во текот на годините, H&M имаше успешна соработка со бројни дизајнери како што се Карл Лагерфелд, Стела Мекартни, Роберто Кавали, Виктор и Ролф, Изабел Марант и други. По тој повод, модниот бренд ја издаде книгата со наслов  „The First Ten Years" чија насловна ја краси Карл Лагерфелд, кој пред десет години прв дизајнираше за нив. Во книгата ќе се најдат бројни до сега необјавени фотографии и изјави на главните протагонисти. Книгата која е во лимитирано издание ќе биде објавена на 6-ти ноември по цена од 29.99 евра и тоа на датата кога официјално ќе почне да се продава колекцијата на Александар Ванг за H&M.  Дел од средствата, односно 25% од продажбата ќе биде донирана во УНИЦЕФ.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Актуел