Нова биографија по повод 123 годишнината од раѓањето на Коко Шанел

19 август 2016

По повод 123 годишнината од раѓањето на една од најпознатите светски дизајнерки Коко Шанел, која со својата работа засекогаш го промени лицето на модата во продажба е пуштена нова биографија за модната икона и тоа во илустрирана верзија.

Илустрациите се дело на Нина Косфорд, а текстот го потпишува Зена Алкајат, која за биографијата ги истражила сите книги поврзани со животот на дизајнерката, па дури и необјавени текстови и делови од книги од животот на Шанел.

Илустрациите и зборовите го опишуваат комплицираниот приватен и љубовен живот на дизајнерката, но и неверојатната кариера која ја создала благодарение на нејзиниот револуционерен талент.

Во книгата ќе најдете и многу интересни моменти и разговори што таа ги имала со некои од познатите дизајнери, но и нејзини бројни цитати, како и исечоци од приватни писма и дневници што ги водела.

Книгата е уште една интересна илустрација на животот на дизајнерката која со својата страст и визија долги години беше на врвот на модата, а зад себе остави неодоливи и уникатни дизајни кои сведочат за нејзиниот талент.

Објавено:
19 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
323 пати