Хотелска соба во Лондон ве дочекува со Burberry капут во плакарот!

12 септември 2013

Доколку се решите да заминете во Лондон, основното правило е дека задолжително со себе мора да понесете капутче за дожд. Ако во последен момент ви се случи незгода со истото, или пак си го заборавите дома, не грижете се! Некои од хотелите во Лондон во плакарот во собата што ќе ја изнајмите ќе ве пречекаат со нов Burberry капут по последна мода.

Имено, ако веќе се решивте да отпатувате, задолжително сместете се во некои од следниве хотели: Claridge's, Thе Connaught или пак Berkeley хотелите.

Кога ќе се најдете во собата и ќе почнете да си ги средувате алиштата во плакарот, доколку видите ново Burberry капутче, немојте да мислите дека некој што отседнал во собата пред вас си го заборавил. Тоа е само за вас!

Она што треба да го направите е единствено да си ја промените големината на капутчето на рецепција, доколку истото не е по ваша мерка.

Истото ќе ви биде на располагање од моментот кога ќе се сместите во хотелот, па се до вашето заминување.

Со Burberry капутчето вие дефинитивно ќе изгледате како супер шик британска девојка, а доколку се заљубите во него, едноставно платете си го со сметката од хотелот.

Ова е дефинитивно еден одличен начин да ги придобиете гостите во вашиот хотел, бидејќи сите девојки ќе бидат љубопитни што хотелот ќе им понуди како изненадување следниот пат.

Можеби нови Mаноло Бланик?

Објавено:
12 септември 2013
Категорија: 
Актуел