Температурите се променија за многу кратко време и се чини дека од куси ракави веднаш облековме џемпери, па време е да ги пронајдеме и останатите есенски парчиња кои ги обожававме минатата сезона.

Иако можеби ќе си речете дека сè уште е рано, но утрата се навистина свежи и без двоумење во вашата омилена комбинација можете да го вметнете и стилскиот капут без кој не можевте во студената сезона.

Ако во плакарот веќе имате капутче во крем нијанса кој дефинитивно е класик без кој не може ниту една дама, задолжително побарајте го, а доколку не, набавете си еден таков оваа сезона.

Ова парче е доказ дека проверените парчиња кои се класика не излегуваат од мода и дека мора да имаме барем едно такво во нашиот плакар.

Ваквиот капут зрачи со префинетост, а омилен е бидејќи можете да го носите со што и да посакате, почнувајќи од едноставни фустани, џинс со џемперче, костими, па дури и спортски варијанти.

Оваа сезона ваквите шик капутчиња можете да ги најдете во било која продавница бидејќи се навистина тренди, а и дефинитивно вреди да инвестирате во нив.

Ако ви треба малку инспирација како да го комбинирате, погледнете ги овие стилски девојки во галеријата.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
29 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.065 пати