Хрватите се подготвуваат за 15-тиот Первол Фешн

14 март 2014

Од 26 до 29 март ќе се одржи јубилејното, 15-тото издание на Perwoll Fashion.hr, а за таа цел веќе е подготвена и кампањата која ги обединува сензуалноста, чистотата и елеганцијата.

perwollfhr_a4_vert_2_web__166

-Во оваа кампања си поигравме со елементот вода, затоа што во нејзината есенција е содржана чистотата, елеганцијата и чиста естетика. Таа капка вода има движечка енергија и дава нова сила и визија која ја поврзуваме и со оваа модна приказна. Создавањето е секогаш своевидна катарза - изјави за хрватските медиуми, дикреторот и основач на Fashion.hr, Винко Филипиќ.

perwollfhr_a4_vert_3_web__f97 (1)

За заштитно лице оваа година, организаторите се одлучија за младата Клаудија Античевиќ, која ќе се најде и во новот француско издание на магазинот Ел, а соработувала и на бројни едиторијали и насловни страници меѓу кои и оние за Космополитен, Harper's Bazaar, Грација, Спур...

Таа е сега во улога на морска вила, а зад креативното водство на кампањата се наоѓа Фрањо Матковиќ, победник на натпреварот „Elle Fashion Foto Talent 2013“.

perwollfhr_a4_vert_1_web__54e

Во текот на четирите денови колку што ќе трае оваа модна манифестација, ќе се претстават 16 дизајнери меу кои и Александра Дојчиновиќ, eNVy room Мартина Феља, Марина Дизајн...

На минатото издание на Perwoll Fashion.hr меѓу пристутните во публика имавме можност да ја видиме и нашата актерка Јелена Јованова, а кој се ќе присуствува оваа година и каква мода ќе видиме, ќе дознаеме за 10-тина дена.

 

Јелена Јованова и Катарина Бабан на минатото издание на Perwoll Fashion.hr Јелена Јованова и Катарина Бабан на минатото издание на Perwoll Fashion.hr

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Актуел