Хрватските девојки блеснаа во тренди комбинации на финалето на Fashion.hr!

20 октомври 2014

Со одличната ревија на фантастичните eNVy Room се означи финалето на годинешното издание на Perwoll Fashion.hr.

На затворањето на одличното модно шоу се појавија голем број познати личности кои уживаа во последната вечер каде дефинитивно најголемо внимание предизвика ревијата на секогаш одличните eNVy Room.

На затворањето свои ревии имаа и Coded Edge, Роберт Север, Марија Кулушиќ и Marina Design.

Од првиот ред ревиите ги следеа прекрасната хрватска актерка Јелена Вељача која овојпат се појави во лежерно бохо фустанче комбинирано со црни хулахопки и сандали во иста боја.

Подеднакво прекрасна беше и водителката Николина Пишек која на затворањето на модното шоу се појави во слична комбинација, составена од тренди бело фустанче со црни високи чизми над колената.

На затворањето најголем впечаток остави ревијата на фантастичните eNVy Room кои на пистата по кој знае кој пат, прикажаа навистина женствени креации и уште еднаш докажаа зошто се омилени на голем дел од хрватските девојки.

Во продолжение, погледнете дел од највпечатливата ревија, но и дел од гостите што беа дел од големото финале на годинешниот Fashion.hr.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Сцена