Највозбудливото издание на Perwoll Fashion.hr до сега, во временска рамка од пет дена ќе ги претстави најеминентните модни дизајнерски имиња, познати гости и младите надежни дизајнери. Perwoll Fashion.hr, преку програмата ќе се обиде на публиката да и претстави вистинско модно шоу кое ќе биде уживање за сите сетила. Модната писта оваа сезона се трансформира во сцена, а за прв пат во Хрватска, театарската сценографија ќе послужи како дополнителна основат за претставување на новите колекции.
Вчерaвечер во Павиљонот 5 на Загрепскиот саем започна вистинска модна драма.
Честа да го отвори новото спектакуларно издание на Perwoll Fashion.hr, вчеравечер го имаше миленичката на хрватската модна публика, дизајнерката Александра Дојчиновиќ, чиј бренд Lei Lou на пистата уште еднаш ја покажа целата своја раскошна женственост. Во комплетно романтична атмосфера, дизајнерката претстави 25 креации на неверојатно дамски и елегантни модели фустани кои успеаја да го задржат вниманието на бројни клиентки, но и гости кои се дел од шоу бизнисот. На ревијата ја видовме Северина, Ива Балабан, Кристина Брадач, Лејла Филиповиќ, Марија Бориќ и други.
Традиционално место во првите редови на ревијата на Александра Дојчиновиќ секогаш има резервирано за Северина, која со веќе неколку години е пријателка со креаторката, а имаат остварено и неколку успешни модни соработки. Музичката дива, не разочара со својот изглед и овој пат, а на ревијата презентираше мошне елегантна визија, каде главниот акцент беше ставен на совршено скроениот фустан во боја на вино, чија линија мошне женствено ја следеше силуетата на пејачката. Станува збор за модел на Азедин Алаја, чии креации се обожавани од страна на светските ѕвезди како Наоми Кемпбел и Ријана. Грациозниот фустан, Северина го комбинираше со лакован модел на чевли салонки, потпишани од модниот бренд на Џанвито Роси, црна тантелна јакна и црно - златна клач-чанта. Целата модна комбинација беше надополнета со природен изглед на фризура и шминка.
Само да напоменеме оваа сезона, дури два дена се резервирани за самостојни ревии на дизајнери чии колекции со нетрпение ги очекува модната публика и критика. Првиот самостоен настап е на модниот двоец ELFS кои својата прва ревија во рамките на Perwoll Fashion.hr, ќе ја одржи во среда. Покрај нивното премиерно претставување на модната манифестација, тие прославуваат и јубилејни десет години работа и творење во сферата на модната индустрија.
Магичното чувство на забава нема да недостасува и оваа сезона благодарение на модното дуо eNVy room, кои веќе неколку години по ред се препознатлив моден бренд на Perwoll FASHION.HR. Успешните десет години кариера ќе ги прослават со хуманитарна ревија. На овој начин eNVy room ќе ја подржи борбата против рак на дојка токму во месецот кој се одбележува како месец за борба против ова опасно заболување.
Во четврток, петок и сабота нема да недостигаат нови изненадувања на пистите на настанот. Своите нови колекции ќе ги претстават Роберт Север, Ивица Скоко, Марина Дизајн, Мартина Феља,Bite MyStyle by Зоран Араговиќ, Krie Design, Ивана Барач, Весна Споса и младите надежи на модната сцена Морана Крклец, Марија Кулушиќ, Coded Edge, Obekei, Hedra design by Ана Јагиќ и Ана Богдан. Регионалната сила ја претставува тим на дизајнери кои ќе настапуваат под псевдонимот Класа. Настанот ќе го заокружи модното дуо eNVy room и ќе биде едно големо спектакуларно изненадување како за гостите така и за дизајнерите.