Интернет продавницата на Елена Лука се префрла на нова адреса

15 октомври 2013

Модниот бренд Елена Лука својата ексклузивна интернет продавница која до сега функционираше во рамките на fashionel.mk, ја префрла на нова интернет адреса на следниов линк www.elenaluka.mk/eshop каде вирутелната продавница ќе функционира како посебна целина.

Тука може да го најдете комплетниот асортиман на брендот, од секојдневните кежуал и деловни парчиња, до свечените и коктел тоалети, венчаници и богатиот избор на аксесоари, а покрај тоа и дополнително ќе се информирате околу сите детали.

Овој месец Елена Лука слави јубилејни пет години постоење, време кое донесе нова енергија на македонската модна сцена, нов правец во креативното размислување и нови стандарди во модниот дизајн.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Актуел