Кога ќе се спомене името Ирена Спировска, веднаш се буди асоцијација на вистинска дама, со извонреден глас и стас, лик кој веќе со децении ги разубавува малите екрани и многубројните манифестации.
Тоа се случи и на овогодинешната Златна Бубамара на популарноста, каде што присутните имаа можност да ја видат нашата позната водителка во гламурнозна тоалета, дело на ЕЛЕНА ЛУКА.
Ирена со својата препознатлива префинетост се појави и на сцената, во улога на презентер доделувајќи награди за животно дело на Ефто Пупиновски и Блага Петреска.
Совршено скроената тоалета, во златна нијанса, светкаше во полн сјај, надополнувајќи го уште повеќе природниот шарм на Ирена. Во грациозна и женствена линија, ова дизајнерско уникатно парче е вистински избор за настан со свечена нота, за дама која негува елегантен и безвременски стил.