Како се менуваше женската фигура низ годините?

19 август 2021

Идеалот на убавина, поимот за женската убавина се менува низ годините.е

Еден бренд за долна облека од Британија направил истражување за тоа како се менувала пак, женската фигура во изминативе шест децении.

И еве што покажале резултатите:

Една просечна жена сега тежи 13 килограми повеќе, но исто така е и повисока за 9 сантиметри. Воедно, има и попривлечни и поизразени облини.

Женските гради во просек се зголемиле за 2 броја. Во 1960-тите, дамите имале мали гради и струк кој бил дури 15 сантиметри потенок од денес, а стапалото дури за 3 броја помало.

Жената од 1961 година носела конфекциски број 40 (европски), а сега просекот е 44 според тогашни стандардни. Според сегашните мерки значи дека носеле 36, а сега просекот е 40-42.

Стручњаците велат дека промените се предизвикани и од квалитетот на животот на жената. Денес, жената повеќе заработува, повеќе се грижи за себе, води поздрав начин на живот, спортува...

Во истражувањето исто така се вели дека жената во 1961 година во просек внесува 1.800 калории дневно, а во 2021 година, таа бројка изнесува околу 2.300 калории. 

На фотографијата се и графички прикажани промените.

Што мислите вие за овие промени?

 

 

Објавено:
19 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
587 пати