Карли Клос ги напушта ангелите на Викторија

23 февруари 2015

Популарната манекенка Карли Клос повеќе нема да биде дел од елитното друштво на манекенки во Викторија Сикрет.

22-годишната Карли  официјално изјави дека ги напушта ангелите на Викторија бидејќи се потешко се снаоѓа околу одржувањето на балансот помеѓу сите обврски во нејзиниот пренатрупан распоред.

Според нејзините изјави за медиумите, Карли ја очекуваат нови професионални предизвици во Њујорк следната есен, кои ќе бараат сериозен ангажман.

Карлин Клос стана дел од Викторија Сикрет во 2013 година, што беше еден од клучните сегменти во развојот на нејзината манекенска кариера.

Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Актуел