Кат Денингс и Тина Феј во речиси идентични фустани од различни дизајнери

16 јануари 2014

Минатата недела на доделувањето на  People's Choice Awards актерката Кат Денингс се појави во црна тоалета со рози од дизајнерот Дејвид Меистер,а пред неколку денови Тина Феј на доделувањето на Златните Глобуси се појави во слична креација со потпис од Харолина Херера. Покрај тоа што фустаните се впечатливи по цветната апликација, сепак постои и голема сличност во однос на силуетата и целосниот концепт.

На официјалната страна на Херера постојат фотографии на кои се гледа скицата за фустанот, а тоалетата на Дејвид е на продажба од минатата сезона и може да се нарача по цена од 1. 137 долари.

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Актуел