Погледнете го најубавиот ресторан на светот

12 октомври 2016

Лондонскиот ресторан German Gymnasium неодамна го доби признанието за најдобар и најубав ресторан на светот за 2015/16 година на осмото издание на наградите за дизајн на ресторани.

Она што е уште пофасцинантно е што ресторанот е отворен минатата година и за толку кратко време успеа да се најде на врвот на листата на најдобри.

Инаку, ресторанот се наоѓа на атрактивна локација во Лондон, каде порано се наоѓала првата теретана во Англија, во која се одржале и првите Олимписки игри во затворен простор во 1866 година. Едвард Грунинг ја дизајнираше во 1864 година, а денес е врвен ресторан со неверојатен балкон, слаткара, Grand Café и Meister бар.

Иако мошне модернизиран, во просторот е задржат и некогашната единствена естетика.

Овој ресторан се најде меѓу најдобрите и поради понудата на врвни европски специјалитети кои се служат на првиот кат од ресторанот. Во German Gymnasium се служат и посебни германски колачиња и кафе, како и специјален вид коктели – Le Whaf, кои се претвораат во нискокалорични облаци на пареа.

Во продолжение погледнете зошто токму овој ресторан е избран за најдобар.

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.927 пати