Ова е најдобриот ресторан во светот!

6 април 2017

Деновиве беше објавена новата листа на најдобри 50 ресторани во светот, а за изненадување по втор пат, на првото место се најде ресторан што не е сместен во Европа, туку во САД.

Станува збор за ресторанот Eleven Madison Park во Њујорк кој успеа да победи неверојатни ресторани кои важат за едни од омилените во Европа.

Многумина ќе кажат дека главниот шеф Даниел Хам и генералниот менаџер Вил Гидара се всушност луѓето кои направија ова место да се издвои како една од омилените гастро - дестинации во светот.

Новите идеи со кои тие постојано располагаа кога станува збор за фантастичното мени, се нешто што го донесе ресторанот на местото каде што е денес.

Она што тие го прават веќе години наназад е обновување на старите добри рецепти со работи кои можеби и никогаш не сте замислиле дека всушност ќе бидат совршена комбинација.

Можеби најдобрата работа на која ќе бидете сведоци доколку некогаш го посетите овој ресторан, е мистериозниот десерт кои шефовите го прават со помош на двајца магионичари кои своите трикови ги развивале со единствениот Дејвид Коперфилд.

Шефот на барот во ресторанот е подеднакво подготвен како и неговите талентирани колеги во кујната, па можете да одберете од неговата карта на коктели какви што само сте си замислувале дека постојат.

На церемонијата одржана во Мелбурн, наградата за животно дело му припадна на познатиот светски шеф Хестон Блументал, за најдобар шеф на слатки е прогласен шармантниот Доминик Ансел, додека за најдобра жена шеф е прогласена Ана Рош од Словенија.

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
871 пати