Некогашниот необичен музејски простор денеска е претворен во шармантна локација во Лондон која што неодамна ги отвори вратите за своите посетители.

 

Ресторанот Едвинс кој што е сместен во улицата „Хај Стрит“ го добил името по поранешниот сопственик кој уште од далечната 1893.година во тој простор имал музеј каде биле изложувани препарирани животни.

Денеска, тоа е симпатичен ресторан на на тивко место на крајот на една лондонска улица замислен како идеално место за лежерен ручек или вечера.

 

Eнтериерот во ресторанот го задржа духот на времето од постоењето на музејот, така што доколку некогаш имате можност да го посетите, ќе се чувствувате како да уживате во некое викторијанско време што го прави ресторанот толку посебен.

Во ресторанот се служат модерни британски јадења, а Британците веќе го прогласија за неизбежно гастро место за уживање.

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Фото галерија