Катерина Микрут утре ви нуди „облaчен“ моден предизвик

27 март 2014

„Cloudy city“ е насловот на најновата колекција од етикетата Mikka Design, која дизајнерката Катерина Микрут ја изработи за сезоната пролет-лето 2014. Колекцијата сочинета од 18 креации ќе биде претставена пред љубителите на модата и медиумите, утревечер во 21:30 часот во „Кафе Стоби“ во Градскиот трговски центар. Како што кажува и името на колекцијата, инспирацијата дизајнерката  ја црпи од облаците и градската урбаност, далеку од трендовите и терковите на модните тенденции.

Катерина Микрут Катерина Микрут

-Парчињата не се поврзани конкретно со некои трендови. За мене модата не се само свечени парчиња, сакам да ја вметнам во секојдневен живот на една жена- прошетка низ градот, излегување со куче, во продавница, на кафе, на факултет и работа (додека местото не ограничува со дрес код). Истовремено е наменета за жени што ја ценат рачната изработка и уникати, вели дизајнерката за Fashionel.

Модел Милена Атанасова во креација на Микрут Модел Милена Атанасова во креација на Микрут

Нејзините колекции секогаш се базираат на уникатни парчиња, претежно изработени во плетена техника. По самостојното претставување, Микрут планира истата да ја презентира и пред битолската публика на модната недела во Битола.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Актуел