Катерина Микрут најавува нова серија плетеници од колекцијата „Knitted solutions“

15 октомври 2014

Препознатлива по сензибилитетот и техниките кои ги негува, дизајнерката Катерина Микрут продолжува во истата дизајнерска насока презентирајќи ни ги најновите плетени решенија од колекцијата со наслов „Knitted solutions“. Утре (16-ти октомври) со почеток во 20 часот во кафулето „Concept 37“ во форма на изложба, Миктут пред љубителите на модниот дизајн и почитувачи на нејзината работа ќе ја презентира истоимената колекција под етитетата Mikka design.

Покрај парчињата облека колекцијата содржи накит и модни додатоци инспирирани на една страна од традиционалните техники на рачно плетење, од друга од модерни форми и индустријал стил.

Колекцијата е уште еден доказ дека плетењето носи неограничени можности за креацијата. Самата техника е присутна како решенија за современ накит и додатоци и покажува како со плетењето може да се редизајнира, рециклира на прв поглед неупотребливи предмети.

По отварањето на изложбата Mikka ќе одржи работилница за плетење каде што ќе може да се добијат  совети како  може да се направи интересно парче облека или накит.

Објавено:
15 октомври 2014
Категорија: 
Актуел