Изложба на „Мика дизајн” во Јавна соба

4 април 2017

Јавна соба е домаќин на уште една дизајн изожба отворена за јавноста. Во среда, 20:00ч Катерина Микрут или „Mikka design“ по потекло од Полска, која живее и работи подолги години на релација Скопје - Битола, ќе претстави нова колекција на дизајнирани парчиња женски чевли. Чевлите кои „Mikka design" ги претставува се суплемент на облека и накитот, кои до сега се презентирани на модните настани во Скопје и Битола.

Главните инспирации на Микрут се самите материјали, нивните комбинации, експериментирањето со нив, нивното пренаменување, реупотреба и рачните техники на изработка, пред се плетењето. Одлично ги комбинира новите материјали и технологии достапни кај нас со занатските вештини и успева да извлече максимум од сето тоа.

Најновата линија ја сочинуваат чанти, сандали како и модни додатоци кои се пиркачуваат на секојдневната облека. Сите изработени парчиња ги поврзува индустријата и природата. Користи и пренаменува индустриски материјали, нетипични за модната индустрија, кои се појавуваат заедно со текстил од природни состојки како волна, памук и сл.

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
115 пати