Кејт Мидлтон распродаде фустан за осум минути!

21 април 2014

Пролетниот фустан на преклоп на дизајнерката Дијан фон Фурстенберг што принцезата Кејт Мидлтон го носеше за време на турнејата низ Австралија, се распродаде за неверојатни осум минути по објавувањето на фотографијата.

Истиот бил повлечен од веб сајтот на брендот откако за него се пројавила голема заинтересираност за помалку од осум минути, веднаш по објавувањето на фотографијата на Кејт Мидлтон.

Подеднакво голем интерес предизвика секоја комбинација што Кејт ја направи за време на кралската турнеја овие денови – од фустанот на Тори Брч што го носеше во Нов Зеланд до капутот од Ердем во кој посети една детска болница.

Сите парчиња од модните куќи се распродадоа за рекордно време, па сега дури е невозможно да ги пронајдете.

Комбинациите на војвотката од Кембриџ дефинитивно се најдобрата можна реклама за модните куќи!

Објавено:
21 април 2014
Категорија: 
Актуел