Кејт Мос е главна хероина во пролетната кампања на Александар Меквин

27 јануари 2014

За прв пат во својата 25-годишна кариера како модел, Кејт Мос е главна хероина во рекламна кампања на Александар Меквин, за пролетната колекција 2014.

Воајеризмот е главната тема на едиторијалот за која фотографот Стивен Клајн се инспирирал од култниот трилер од 60-те  "Peeping Tom".

Кејт изгледа моќно и воинствено, дури и непрепознатливо со интензивна жолта боја на косата во мистичен и мрачен амбиент.

Ова е прва соработка на Стивен Клајн со брендот по 12 годишна пауза. Псоледната кампања која тој ја изработи за Меквин, беше во 2002 година.

 

 

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел