Кјара Ферањи е највлијателната личност од модниот свет

28 септември 2017

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на највлијателните личности во модниот свет, а на врвот се најде италијанската блогерка, Кјара Ферањи.

Таа со нејзиниот блог „Blonde Salad“ направи вистинска револуција, а бројот на следбеници покажува дека првото место е оправдано. Според податоците од магазинот, Кјара на сите социјални мрежи ја следат 31.750.000 луѓе, од тоа 23.227.025 на Интаграм, 1.971.954 на Твитер, 4.013.710 на Фејсбук и 2.305.11 на Јутјуб каналот.

На својот блог уште од почетоците сорабуваше со познати брендови, не некој фенси обид или „лабава“ занимавација.

Според најновите информации, Кјара заработува осум милиони долари на годишно ниво.

Од основањето во 2009 година, до сега блогерката го прошири своето делување, така што создаде колекција облека и чевли. Има и сајт кој се „натпреварува“ со традиционалните модни веб страни, како и 20 вработени.

-Сметам дека влијанието што го имаат блогерите на социјалните мрежи е мошне значајно. Социјалните мрежи се новиот медиум. Во минатото, луѓето сакаа да читаат модни вести од магазините, а сега сите информации ги добиваат од социјалните медиуми, преку оние што имаат големо влијание. Јас го отворив блогот во најдоброто можно време, кога модното блогерство беше во зародиш, а модните брендови сами ме бараа уште од почетокот, бидејќи тие предвидоа за какво влијание се работи - вели блогерката.

Нејзнините колекции и модни додатоци се достапни во 350 продавници, вклучувајќи ги оние во Милано и Шангај. Азискиот маркет е приоритет за Ферањи, а веќе е закажано отворање на 20 продавници во Кина.

Она што е интересно е што од неодамна на Инстаграм сцената настапува нејзината сестра Валентина Ферањи која во моментов има повеќе од милион следбеници, а со оглед на тоа дека има од кого да учи, не се сомневаме дека ќе го следи успехот на сестра си.

Објавено:
28 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.509 пати