Нејзиниот блог Atlantic-Pacific е меѓу 10-те најпопуларни во светот, а на Инстаграм има 1 милион следбеници. Иако блогерката Блер Еди не е толку извикано име како Оливија Палермо или Кјара Ферањи, вистинските модни фанатици знаат колкаво е нејзиното влијание во модните кругови.
Уживаме да ги разгледуваме фотографиите, особено на нејзиниот профил на Инстаграм и често знаеме да заборавиме на времето во нејзиниот колоритен свет.
Веднаш ќе забележите дека е непоправлив романтичар, за што гласно говорат совршените миди и макси фустани со принтови или колор-блок комбинации.
Ова лето со нив, задолжително ги комбинира ултра-популарните плетени чанти што наликуваат на кошница.
Издвоивме само дел од нејзините шик летни комбинации со фустани, а за остатокот посетете го нејзиниот блог.
Фото извор: @blaireadiebee