Тесните фармерки или меѓу народот познати како „цевка“, на модната сцена владеат уште од почетокот на 2000-тата. Но, според најновите истражувања, изгледа дека на трендот полека му се гледа крајот. Истражувањето го спроведе њујоршката компанија NPD, која тврди дека класичниот џинс е се понепопуларен и дека жените се' почесто бираат помека облека, како панталони инспирирани од спортската облека.
Продажбата на фармерките минатата година во САД опаднала за дури 6%, додека продажбата на спортските панталони дупло се зголемила. Зошто на жените им здосадија „цевка“ фармерките? Жените се почесто бираат тренерки за активностите надвор од работното место, а многу брендови нудат парчиња што можете да ги носите и во теретана и на шопинг, а се поудобни од тесните панталони од џинс.
Сепак, опаѓањето на овој тренд за сега е стациониран само во САД. На Европејките се' уште им се допаѓа како изгледаат во овој модел на фармерки, но доколку и hight street бутиците почнат се' повеќе да ја форсираат спортската облека, која полека станува и составен дел од модните писта, наскоро тој тренд ќе завладее и кај нас.