Ниту една сезона не можеме да ја замислиме без џинсот, а така ќе биде и есенва. Доколку сте во потрага по вашите омилени парчиња за претстојната сезона, овој пат ви ги презентираме трендовските фармерки.

Веќе пишувавме за тоа дека ѕвонарките се враќаат меѓу популарните парчиња, а овој облик се пренесува и на фармерките. Поизразени или благи, широки или потесни, не е важно, но овој модел ќе изобилува кај повеќето урбани брендови.

Тесните или „цевка“ фармерки ќе се задржат и оваа сезона, и ќе бидат добредојдени за разни комбинации, особено кога се обувките во прашање.

Во зависност од вашиот личен стил, широките, прави, момчешки фармерки исто така влегуваат во комбинација, како и пачворк парчињата кои се апсолутен хит.

Изборот е голем, на вас е само да го пронајдете парчето кое соодветствува на вашиот стил и парчињата со кои можете да направите безброј комбинации.

 

Објавено:
17 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.726 пати