Кого овој пат исмеа Џоан Риверс шетајќи со Кен во рацете?

10 јули 2014

Доколку до сега не ви текна за што точно станува збор, тогаш сигурно нема да останете рамнодушни на остриот хумор на Џоан Риверс која со шетањето со Кен низ улиците на Њујорк всушност го исмеа трендот на постари жени кои се во врска со многу помлади мажи. Во конкретниот случај, тоа се однесува на Мадона и Џенифер Лопез.

Џоан Риверс уживала во прошетката со куклата, а пред неколку дена повторно беше во центарот на вниманието кога го напушти студиото на CNN откако водителката Фредрика Витфилд ја прашала Риверс зошто носи крзно. Комичарката луто си заминала  без дополнително објаснување.

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Актуел