Шведскиот гигант по четврти пат е во потрага по нов дизајнер кој ќе работи за нив. Одлучувачки фактори во натпреварот се креативноста, вештината и страста за работа, а победникот ќе добие парична награда во вредност од 50. 000 евра, можност да се претстави на модната недела во Стокхолм и дел од неговата колекција ќе биде достапна во одредени бутици на брендот.
Годинешното жири е составено од различни профили на луѓе, односно Џастин О’Ши, Луела Бартли, Лусинда Чамберс, Паула Голдстејн, Томи Тон, Анџело Флачаменто, Лили Ален, Ен Софи Јохансон и Маргарет ван дер Бош. За главната награда ќе се натпреваруваат: Андреас Еклос од Шведска, Грахам Фан од Хонгконг, Магдалена Броџа од Полска, Андреа Јапеи Ли од Кина, Џејмс Кели од Англија, Леонард Кочиќ од Србија, Химон Ли од Хонгконг и Фиона О’Нел од Финска.
Леонард Кочиќ е роден во Србија, но последните 12 години живее во Шведска. Колекција со наслов „Сеќавање“ е посветена на неговата мајка, а Леонард моментално работи во студиото на Виктор и Ролф во Амстердам. Официјалните резултати ќе бидат објавени на 27. 01. 2015 година.