Колку често треба да ги перете фармерките?

19 мај 2021

Фармерките се неизоставен дел од гардероберот на секоја една девојка, жена. Тие спаѓаат во оние парчиња кои можеме да ги носиме секојдневно, но со нивно пречесто перење, многу лесно се уништуваат.

Идеално е да ги перете што е можно поретко, бидејќи со секое перење им опаѓа квалитетот. Експертите од Levi Strauss & Co препорачуваат фармерките да се перат по 10 носења, а задолжително при перењето да ги превртите наопаку, без разлика дали ги перете рачно или во машина. 

Ако се одлучите за рачно перење, може да употребувате благ детергент или бел оцет. Ако фармерките ги сушите во машина за сушење алишта, тогаш наместете ги на програма со пониска температура. 

Објавено:
19 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
621 пати