Како правилно да ги перете фармерките?

3 февруари 2014

Ако сте потрошиле поголема сума пари за пар добри фармерки, треба да знаете и како тие се перат доколку сакате да ви траат подолго. Во продолжение имате неколку совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот омилен пар фармерки, да не избледат, искинат или едноставно да изгледаат подобро.

Преполнета машина за перење

Ако ставите многу, дури и премногу облека во машината, тогаш ќе „страда“ бојата на фармерките. Затоа, не ја преполнувајте машината, за да може облеката слободно да се врти и поместува, а со тоа  подобро да се испере и да го зачува интензитетот на бојата.

Превртете ги наопаку

Ако ги превртите од внатрешната страна, така  ќе се зачува бојата, а исто исушете,  без да ги превраќајте од  „лицето“ .

Детергент

Фармерките секогаш перете ги со детергент за темни алишта. Тие содржат состојки за задржување на бојата и го деактивираат хлорот во водата кој може да ги избледи.

Сушење

Никогаш не ги сушете во сушилници. Оставете ги да се исушат на природен воздух. Вештачкото сушење го оштетува џинсот.

Програм од машината

Сигурно веќе на памет ги знаете програмите од машината за перење, но добро е да знаете дека треба да одберете кратка програма од која ќе се перат во студена вода, секако ако не се премногу валкани.

Рачно

Рачното перење е најдобро за фармерките, но само во случај ако не ви претставува проблем да ја извршите постапката. Ако не ве мрзи, тогаш барем овој за вас драгоцен пар исперете го рачно.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам