Манекенството е едно од ретките занимања во кој жените заработуваат повеќе од мажите. Девојките за еден ден снимање добиваат и по неколку илјади евра (зависи од статусот и ангажманот) додека машките мора да се задоволат со многу помали износи. Светот на модата и убавината постои поради жените кои се најголеми купувачи на сите понудени производи, па логично е мажите во овој случај да бидат „подредени“.
Момците од овие листа заедно оствариле приход од околу 8 милиони долари, додека нивните колешки во изминатата година заработиле преку 80 милиони долари.
Листата на најплатени ја предводи Шон О'Преј, со заработени 1,5 милиони долари. Ако мислите дека овој износ е голем, ве потсетуваме дека женската листа ја предводи Жизел со заработка од дури 42 милиони долари. Шон (24) се појави во кампањите за Келвин Клајн, Версаче, Долче и Габана, Мајкл Корс и Ралф Лорен. Овој убавец можевте да го видите и во спотот „Girls gone wild“.
Второто место му припаѓа Дејвид Ганди (33) со заработка од 1.4 милиони долари.
На третото место е заштитното лице на Џорџо Армани, младиот Симон Несман, со заработка од 1.1 милион долари. Во топ пет машки модели се наоѓаат и Артур Кулков (950.000 долари), како и Ноа Милс, со заработка од 740.000 долари.