Комбинацијата која Ана Винтур не ја опростува

13 октомври 2016

Влијанието на главната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, во светот на модата е неоспорно.
Нејзина е заслугата за популаризацијата на високата мода како и тоа што магазинот Вог сега е културен феномен и со право го носи епитетот „модна библија".

Токму затоа нејзиното мислење кога е во прашање модната индустрија, има исклучителен одраз врз модните текови.

Но, и покрај целото нејзино искуство и статусот на модно гуру, дури и таа има необични сфаќања на одерени теми, како на пример во однос на прашањето: која модна комбинација никогаш и на никој не би ја опростила?

Нејзиниот одговор на ова прашање, во видео интервју за Вог е: Никогаш не би опростила комбинација на црно од глава до пети.

Иако оваа комбинација важи за врв на елеганцијата и е општоприфатена во различни култури, сепак Ана никогаш не би ја облекла.

Очигледно, за неа важат други правила. Па Ана препорачува доколку ја преферирате монохроматската комбинација, црно од глава до пети, да имплементирате некој детаљ во друга боја, што би ја „разбило монотонијата".

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.570 пати