Коронавирусот ја одложи и Мет гала!

17 март 2020

Ситуацијата со коронавирусот го одложи и најгламурозниот настан во модниот свет, Мет гала познат и како „Модни Оскари“!

Домаќинката на настанот, почитуваната модна уредничка Ана Винтур ја донесе одлуката откако проблемот со коронавирусот стана глобален.

Настанот кој традиционално се одржува првиот понеделник во мај секоја година во музејот „Метрополитен" во Њујорк, овојпат ќе направи исклучок и нема да се одржи според планираното.

Фото: Getty images

По тој повод се огласи и Винтур која е главен организатор на настанот од 1995 година:

-Поради неизбежната и одговорна одлука на музејот „Метрополитен" да ги затвори вратите во ова време на пандемија, отворањето на изложбата „About Time" на Институтот за костими и гала вечерта, се одложуваат на неодредено време.

Таа додаде дека публиката ќе има можност да види дел од изложбата низ содржините на мајското издание на Вог.

Годинешнава тема на изложбата е насловена About Time: Fashion and Duration – „За времето: Мода и времетраење", прикажувајќи го развојот на модата низ историја од 150 години, а директно инспирирана од филмот „Орландо" на Сали Потер базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф.

 

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
230 пати