Модната куќа Диор важи за една од најгламурозните и секогаш знае да изненади со своите модни фантазии. И додека сме во исчекување на документарниот филм кој што пред извесен период го најавија одговорните во компанијата, се прошири веста дека легендарниот Питер Филипс, кој претходно беше креативен директор во одделот за декоративна козметика на Шанел, сега, истата функција ќе ја извршува во рамките на модната куќа Кристијан Диор, заменувајќи ја фантастичната Пет Мекграт.
Раф Симонс, креативниот директор на Диор, пред извесно време изјави дека мошне често се консултира со Питер Филипс во поглед на работните ангажмани поврзани со модната куќа. Тие соработуваат професионално, но и приватно како резултат на заедничкото белгиско потекло.
Сите имаат високи очекувања од назначувањето на Филипс на чело на одделот за козметика во Диор, а тоа сигурно ќе се потврди, доколку тој ги следи стапките на својот белгиски сонародник.