Кралицата Елизабета на насловната на Vanity Fair
•
1 јуни 2016
Британската кралица Елизабета II е лицето од насловната страна на најновиот број на магазинот Vanity Fair.
Фотосесијата во која кралицата ја гледаме и во едно неформално издание заедно со нејзиното семејство и домашни миленици, ѝ беше доверена на кој друг ако не на легендарната фотографка Ени Лебовиц.
Фотографиите се направени по повод 90-от роденден на кралицата кој таа го прослави во април.
„Најинтересниот момент во оваа фотосесија беше тоа што сите фотографии и приказната што е прикажана преку нив, се идеја на кралицата", вели Лебовиц за Vanity Fair.