Дождовниот танц на Магичниот Мајк

21 јули 2015

Токму на тој начин Ени Лебовиц сакаше да го види Магичниот Мајк, односно Ченинг Татум во фото-сесијата за Vanity Fair. За него велат дека е новата машка ѕвезда после Бред Пит или Џорџ Клуни. Девојките посебно збудалеа по него во второто продолжение на „Магичниот Мајк“, едно од трите остварувања на Татум што имаат милионска заработка.

Тоа беа доволни причини за да се најде на насловната страна на Vanity Fair.

-Научив да глумам на аудициите, дури ниту на филмови не научив толку. Се обидуваш три реда да ги одглумиш најдобро што можеш, надевајќи се дека ќе ја добиеш улогата. Тоа кај мене траеше десет години. Сега, поставувам прашања пред да почнам – вели Татум.

Освен за професијата, во разговорот за Vanity Fair споделува дел и од приватниот живот. За потсетување, тој и неговата сопруга Џена Деван се запознаваат во 2005 година, за време, со која ја имаат ќерката Еверли. Таа сега има две години, но Ченинг сè уште со жар зборува за искуството од нејзиното раѓање.

-Беше лудо. Во тој момент се чувствувате беспомошно. Мојата сопруга е борец. Се породи природно, а јас бев како некој навивач и постојано ѝ велев: „Ајде душо, можеш, ајде“. Истовремено е и страшно. Си го направил тоа мало суштество и треба да го внесете во реалниот свет заедно. Мислите дека луѓето ќе бидат тука за вас, но вистината е дека само се имате сами меѓусебе. Мислам дека секој родител на почетокот има момент кога вели: „Ок, ова можеби не беше добра идеја. Ние не знаеме како да се справиме со ова“. Но, враќање нема. Џена е прекрасна мајка. Но, не знам дали јас добро се справувам –сподели актерот.

Ние мажите сакаме да мислиме дека сме големи, силни мажи и можеме да се справиме со било која ситуација. Но, реалноста е дека жените се многу посилни од тоа што ние некогаш ќе бидеме. Постои причина зошто тие раѓаат, а не ние - вели тој.

Ќерката на Татум еден ден ќе го види татко ѝ како танцува во танга, што повторно го доведе разговорот до новото остварување на „Магичниот Мајк“.

-Стриптизот и сите нови работи во ова остварување се всушност нештата што луѓето го сакаа уште во првиот дел. Но, не можевме да го направиме тоа тогаш. Сите посакувавме такви моменти, но реалноста на тој свет не е забавна. Моравме да им кажеме на луѓето дека имаме познавања од тоа како функционираат работите во тој свет. Во вистинскиот свет. Дека не е лажна глума. Барем, јас се посветив на тоа – вели Татум.

За време на разговорот, актерот мораше да исполни неколку барања од новинарот и да направи неколку актерски вежби.

А како течеше снимањето на фото-сесијата со Ени Лебовиц, гледате во продолжение.

Објавено:
21 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
906 пати