Креација на Александра Митковска на Сараево Филм Фестивал

19 август 2013

martina_3

Сараевскиот филмски фестивал започна на 16.август, а ќе трае се до 24-ти. Ова е една од најпознатите филмски манифестации на Балканот, и секогаш е будно следена од окото на јавноста.

Тоа е воедно и одлична промоција не само за оние од светот на филмот, туку и на оние од светот на модата. Така, една од најпознатите босански менаџерки и претприемачки, а воедно и млади модни икони, Мартина Саира Конаковиќ, на втората вечер од фестивалот се појави во креација на нашата дизајнерка Александра Митковска.

Босанските медиуми го издвоија овој изглед како еден од повпечатливите таа вечер. Мартина носеше црн коктел фустан, сечен во половината, со должина до колена. Големиот 3Д карнер во горниот дел создава одличен контраст, со што едноставната линија се збогатува, и добива една couture нота.

Со оглед на впечатливиот фустан, Мартина се одлучила за едноставна фризура - високо репче, со што уште повеќе е истакната убавината на креацијата.

Малата чантичка со нитни и црните чевли со коцкаста потпетица одлично ја надополнуваат комбинацијата.

Погледнете.

martina_41186122_700471346648908_804684179_nmartina_5

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Актуел