Кристина Димитриевска од Тетово е новогодишната балканска убавица

15 јануари 2014

Седумнаесетгодишната Кристина Димитриевска од Тетово е новогодишната балканска убавица за 2014 година.

На изборот што вчеравечер се одржа во скопскиот ресторан Томче Софка во организација на модното студио Црнокрак, убавата Кристина победи во конкуренција од 12 девојки од балканските држави.

Секоја од девојките, на изборот претставуваше по еден од месеците во годината. Со титулата прва придружничка дома си замина 21 – годишната Софија Аризанковска од Скопје, а за втора придружничка беше прогласена Маринела Хоџа, 18, од Албанија.

Кристина досега има освоено неколку титули на избори за убавина, а има учествувано и на голем број домашни и интернационални избори.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Актуел