Креативниот директор на оваа модна куќа Албер Елбаз фокусиран на изгледот за посебни пригоди ја лансираше Ресорт 2014 Колекцијата. Со инспирација која произлегува од начинот на живот кој го води една жена, оваа линија понуди разновидни изгледи кои можат да се носат и преку ден и во вечерна варијанта. Дизајните на фустани се доста богати, барем што се однесува до користењето на материјалите. Некои од нив се и во балерина стил, изработени од тул.
Самите модели се надополнети со украси, во вид на брошеви во злато и металик нијанси за да го доловат целосниот изглед. Што се однесува до линиите и боите, Елбаз заедно со својот тим претставуваат монохроматски изглед, сведен на минимализам, во црна, бела, златна, темно црвена и кралско сина како основни бои засилени на моменти со силни пастелни нијанси.