Ресорт колекциите за претстојната 2014 година го привлекоа вниманието на модните критичари. Презентирајќи, различни и интересни споеви на модни парчиња и приказни. Следствено на ова одбравме неколку кои мислиме дека ќе ја одбележат сезоната која доаѓа.
Пастелни бои
Пастелот и не е некоја новина, но креативноста на дизајнерите оди до таму што тие боите ги комбинираат во колор-блок варијанта и нијанси кои знаат да ни паднат за око. Од слатките здолништа на Соња Рикел, до колоритните џемпери на Ана Су, како и боемскиот стил се само некои од карактеристиките на оваа категорија колекции. Бидете храбри и носете многу бои!
Спортски и кул
За овие колекции, дизајнерите беа инспирирани од спортскиот дух и атлетските линии. Ерве Леже од Макс Адриа во своите дизајни ја промовира идејата на водена атмосфера, креирајќи модели кои во основа ги имаат контурите на нуркачкиот костум, но трансформирани во совршени парчиња кои ја следат женската силуета и конституција. Дерек Лам испиша сосема ново поглавје во креирањето на џемперите и панталоните воведувајќи го монохроматскиот елемент како водечки.
Црно-бели цветови
Цветниот принт секогаш почнува да станува актуелен во пред пролетниот период, па така и сега не е исклучок. Модните уметници од БЦБГ Макс Азриа и Питер Пилотто го измиксаа овој дезен со графички елементи надополнети со цветни црно-бели отпечатоци. Највеќе внимание привлече 3Д здолништето кое го создаде модната куќа Клое со истите мотиви, кое дефинитивно ќе биде голем тренд за претстојната сезона.
Златен сјај
Од Ланвин до Гучи се чини дека сите се маѓепсани од златниот сјај. Овој тренд може да се комбинира во секакви варијанти на модни парчиња, од одела, здолништа до фустани и кошули. Креативниот директор на Ланвин, Албер Елбаз го провираше својот уникатен златен фустан на едно рамо, додека Ache Studios и Гучи понудија златен костум кој има задача да прикаже моќна и доминантна женска фигура.