Ен Хатавеј го потврди својот моден статус за време на промоцијата на „Armageddon Time“

14 октомври 2022

За време на медиумската турнеја организирана со цел да се промовира новиот филм „Armageddon Time", актерката Ен Хатавеј ја воодушеви публиката, а и модните критичари, со низа блескави модни појавувања на улиците на Њујорк.

Па така, за нејзиниот прв состанок за новинарите, Ен Хатавеј се одлучи за предимензиониран модел на блејзер со црно-бели графички дезени од Кристофер Џон Роџерс, кој го носеше врз фустан со потпис на Валентино и хулахопки од Волфорд.

Фото: Vogue

Актерката го комплетираше изгледот со црна кожна чанта на Викторија Бекам со златен синџир, високи чизми од Isabel Marant и очила за сонце во форма на „пеперутка".

Оттука, Ен продолжи на второто шоу „The View" во шик изглед базиран на тренди тексас костум од resort 2023 колекцијата на Нини Лотан.

Фото: Vogue

Во текот на ноќта пак, актерката се појави во две впечатливи и елегантни ноќни силуети.

Фото: Vogue

Една од нив беше и смелата неон-жолта тоалета со разголени рамена и висок шлиц, потпишана од лондонскиот дизајнер Дејвид Кома, која Ен ја носеше на сетот на Bravo TV, додека пак на синиот тепих на њујоршката премиера на „Armageddon Time", актерката блесна во креација на Валентино, украсена со бели бисери и сребрена монистра.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Ен ја искомбинира блескавата луксузна тоалета со чизми од истиот материјал, претставени на модната писта на ревијата за висока мода есен-зима 2022-2023 година.

Фото: Vogue

Објавено:
14 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.255 пати