Принцези од бајките во новата колекција на Ланвин
•
19 јуни 2013
За претстојната зимска сезона Ланвин одлучи вистински да ги разгали сите мамини и татини ќерки. Во соработка со Албер Елбаз кој застана на креативниот престол и ја осмисли колекцијата Lanvin Petite, девојчињата ќе изгледаат како принцезите од бајките.
Кампањата во преден план ги стави малите девојчиња кои одлично се снајдоа во улогата на модели, позирајќи со таков шарм и раскош доволно за да се стопи секое срце. Иако, линијата на Ланвин е наменета за луѓето со подлабок џеб, сепак дизајните можат да послужат како пример на парчиња кои сакате да ги имате во плакарот на вашето дете, а да ги најдете во колекциите на другите брендови со цена која одговара на вашиот џеб.