Le Brand и модните блогерки се споија во неконвенционален моден проект

8 октомври 2014

Во пресрет на FWSK, дизајнерката Лили Кадинска која твори под псевдонимот Le Brand, реши на модната публика да и приреди вистинско модно разгалување. Имено, станува збор за моден перформанс на брендот Le Brand со македонски модни блогерки  кој воедно е и репризирање на претставувањето на колекцијата за есен-зима 2013/14. Настанот ќе се одржи на 11-ти октомври, (сабота) од 11 до 16 часот во концептуалната продавница Lotus Design Store.

Vladimir V. Photography Vladimir V. Photography

Дизајнерката се одлучи на ваков чекор по успешно реализираната презентација  со сличен карактер, во нејзиниот роден град Битола. Задоволна од ваквата неконвенционална презентација пред својата публика, Кадинска реши да ангажира седум модни блогерки за да ја пезентираат нејзината колекција низ своја стилска перспектива и пред скопската публика.

„Барајќи начин за неконвенционално претставување и земајќи го во предвид значењето на модните блогерки во светот, решив дека ова е интересен начин и убава можност да се зацврсти врската блогер-дизајнер. Блогерките ќе бидат тие што ќе ја имаат клучната улога во претставувањето на колекцијата затоа што ќе комбинираат парчиња од линијата со парчиња од својот плакар“, рече дизајнерката.

Целта од замислата е да се види како различни личности,  ги доживуваат парчињата  создадени под еден концепт, бидејќи начинот на комбинирање ја има моќта целосно да ја измени визуелн0-естетската  перцепција.

 

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Актуел