Лејди Гага нуди награда од 500.000 долари за украдените кучиња
•
26 февруари 2021
Доцна синоќа, во центарот на Холивуд беше застрелан човекот кој ги шета кучињата на Лејди Гага. При престрелката беа украдени двата булдози на пејачката, кои ги носат имињата Коџи и Густав.
View this post on Instagram
Лејди Гага нуди половина милион долари на оној кој ќе и' ги врати кучињата. Полицијата на Лос Анџелес ја извести јавноста дека грабежот и пукањето се случиле пред 22 часот, а ранетиот човек е во болница и во критична состојба.
View this post on Instagram
Снимка од видео надзор од куќа во соседството, покажува дека станувс збор за двајца осомничени на возраст од 20 до 25 години, кои ги зеле двете кучиња од жртвата, имале пиштол и избегале од местото на настанот со бел автомобил.