LFW одбележува 30 годишен јубилеј

23 декември 2014

Иако од првата ревија до денес има поминато триесет години, сепак лондонската модна недела е сеуште плодно тпо, за претставување на најновите колекции на реномирани дизајнерски имиња. Британската престолнина отсекогаш ги подржувала и оние со поексцентричен вкус, како што се Александар Меквин и Вивиен Вествуд, но и новата генерација на таленти, односно Симон Роша и Кристофер Кејн.

Во конкретниот случај не станува збор само за облека, туку и за деби ревијата на Стела Мекартни на која настапуваше Кејт Мос и познати личности кои пробале да станат модели, меѓу кои беше и Принц.

Осумдесеттите години

Сели Брамптон, уредничка на Ел 1985 – 1989

На почетокот се изгледаше како фестивал на анархијата. Дизајнерите во Лондон намерно ги кршеа модните правила. Се сеќавам на насмевката на Наоми Кемпбел откако магазинот Ел ја ангажираше за фотосесија. По неа, таа стана најбарана манекенка во модната индустрија.

Сем Мекнајт, фризер

Во текот на осумдесеттите години ги правев фризурите за ревијата на Кетрин Хамнет. Владееше вистинскии хаос, бидејќи луѓето не беа навикнати да има неколку ревии во низа. Денес е подруго бидејќи е организирано на повисоко ниво.

Кетрин Хамнет (деби издание на LFW во 1984 година)

Во минатото, модниот и музички свет функционираше како едно племе и изгледаше како журката никогаш да не завршува. Ревиите започнуваа и завршува со вистински хаос.

Деведесеттите години

Метју Вилијамс, дизајнер (деби издание на LFW во 1997 година)

Дебитирав во 1997 година и се сеќавам дека бев парализиран од нервоза. Моите креации ги носеа Наоми Кемпбел, Жаде Џегер и Хелена Кристенсен. На 10 годишнината од одбележувањето на кариерата, успеавме да го ангажираме Принц да настапи во текот на ревијата. Се создаде убава атмосфера, а модните уредници танцуваа во првите редови.

Стела Мекартни (деби издание на LFW во 1995 година)

Лондот отсекогаш имал поинакви модни вибрации за разлика од другите модни метрополи, едноставно постои голема креативна енергија. За мене е голема чест што сум родена во Лондон и што имам можност да соработувам со големи имиња од модниот свет.

Хусеин Чалајан (деби издание на LFW во 1994 година)

Секоја ревија во Лондон ми е голем предизвик. На почетокот немав пари за да платам модели, па моите пријатели настапуваа на ревиите. За да им заблагодарам, спремав специјална вечера за нив во мојот дом.

Од 2000-та година

Кристофер Кејн (деби издание на LFW во 1996 година)

Никогаш нема да заборавам кога Марина Пирес зачекори на пистата на тактови од песната „Speak Lord“. Тогаш не ни разбирав дека модната индустрија е едно големо семејство

Ердем, дизајнер (деби издание на LFW во 2005 година)

На мојата прва ревија, јас паничев во бекстејџот бидејќи мислев дека нема да стигнам да ги избојам чевлите. Се сеќавам дека имаше уметничкии слики на ѕидовите и дека се обидувавме да ги скриеме траговите од боењето.

Гилс, дизајнер (деби издание на LFW во 2003 година)

Мојата прва ревија ја одржав во Кралската болница во Челзи, а парчињата ги носеа Ева Херцигова и Керен Елсон. Во тој момент се чувствуваше дека во Лондон се случува нешто навистина интересно.

Џејсон Лојд, фотограф

Првата колекција на Кристофер Кејн внесе свежина на модната сцена и го отвори патот за сите нови и талентирани дизајнери. Појавата на младиот дизајнер, за кој многумина зборуваа, ги охрабри младите дизајнери да го следат неговиот пример.

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Актуел