Лобутинките "наполнија" 30 години

22 ноември 2023

Славните потпетици со црвен ѓон, ремек делото на Кристијан Лобутин прославија 30 години.

Многу познати дами се поклонуваат пред неговиот легендарни лобутинки како на пример Памела Андерсон, Лејди Гага и Блејк Лајвли.

Низ годините чевлите се појавија во многу серии и филмови – Кери ги носеше во Sex and the City, а еден пар специјално беше дизајнеиран за Мис Пиги од филмот The Muppets во 2011-та.

Тејлор Свифт носеше верзија со кристали на нејзината Eras турнеја, а Бијонсе се појави во лобутнки на Коачела.

Првичната верзија беше изработена во чест на познатото дело на Енди Ворхол - Flowers. Сепак флоралниот дизајн на розова потпетица не беше тоа што Кристијан го замислуваше.

Откако го виде црвениот лак на неговата асистентка, доби идеја да ги исфарба ѓоновите токму во таа боја.

Резултатот беше одличен, а останатото е историја.

За мене црвената е бојата на љубовта, на страста, на животот, ќе каже во една прилика дизајнерот.

Лобутинките рачно се изработуваат во Италија, најчесто од кожа, но има и модели од кристали, пердуви, па дури и од кадифе обложено со дијаманти.

Цените се движат од 350 долари за пар гумени апостолки, до речиси 4.000 за метални кожни чизми.

Потпетицата достигнуваат висина и до 12 сантиметри, а рекордот е 16 доколку се на платформа.

Кристијан има изјавено дека негов приоритет е дизајнот и убавината, а кога станува збор за комфорот се труди да бидат што поудобни.

Црвените ѓонови се негов заштитен знак. Затоа во 2008 Лобутин го патентираше дизајнот поради големиот број на имитации низ годините.

Вистинска безвременска елеганција!

Објавено:
22 ноември 2023
Категорија: 
Актуел