Ludus и Just Because ќе промовираат заедничка зимска колекција

28 октомври 2014

Двајцата исклучително креативни македонски дизајнери Драган Христов кој твори за етикетата Ludus и Нина Симоновска која се потпишува зад брендот Just Because, ја споија својата дизајнерска естетика и ја создадоа заедничката колекција Hybrid Vigor.

Промоцијата на нивната заедничка зимска линија е закажана за четврток со почеток во 20 часот во пријатниот амбиент на концептуалната продавница  Just Beacuse.

Hybrid Vigor симболично упатува на хибридната природа на колекцијата која ќе го измеша креаторскиот сензибилитет на двајцата дизајнери, односно креациите на Христов и уникатниот накит на Симоновска.

Како што велат дизајнерите, идејата да ја создадат Hybrid Vigor е поттикната од убавата заедничка дружба и нивната блиска естетика, но и од постојаната потрага по концептуалноста околу нас.

 

 

 

 

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Актуел