Македонската дизајнерка на накит Бранка Данчевска на 28 – ми Февруари ќе биде дел од изложбата „Creation in post-war countries“ што ќе се одржи во една од најпознатите уметнички локации на Менхетен, Orozco Room.
Сите средства од изложбата ќе бидат наменети за проектот „The Nonviolence Project“ чија цел е мирно решавање на конфликти кај средношколците во Њујорк. Токму низ оваа програма досега минале повеќе од шест милиони деца ширум светот и истата е докажана како сосема успешна. Амбасадорите на оваа програма се некои од најпознатите ѕвезди во светот од сите области како Јоко Оно, Лионел Меси, Пол Мекартни, Ринго Стар и уште многу други.
Имено, македонската дизајнерка Бранка Данчевска на изложбата ќе се претстави со 10 – тина парчиња од нејзината одлична колекција „World peace“.
Инаку, младата и креативна дизајнерка веќе подолго време е дел од креативното дуо „Драма“ каде работи заедно со дизајнерката Ивана Кнез.
Досега веќе и самата имала неколку изложби, а слободно можеме да кажеме дека таа е една од дизајнерките чиј накит е обожуван од страна на девојките.
За нејзината креативна работа и многу повеќе ќе можете да прочитате повеќе во интервјуто што наскоро ќе биде објавено на Fashionel.