Манго отвора 18 нови продавници ширум Европа

9 октомври 2013

Популарниот интернационален шпански бренд за облека Манго го проширува ланецот на продажба со нови 18 мега продавници. Она што е најново е дека брендот лансира нови линии на спортска и детска гардероба, Mango Kids и Мango Sport&Intimates. Засега е познато дека нови продавници ќе се отворат во: Франција, Германија, Швајцарија, Италија, Норвешка, Луксембург, Полска, Париз, Минск и многу други градови. Брендот Манго досега поседува околу 2600 продавници низ 107 земји, а новите 18 се најавува дека ќе почнат со работа на почетокот на новата 2014 година.

 

 

 

Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Актуел