Марио Тестино го портретираше британското кралско семејство со новиот член

10 јули 2015

Познатиот моден фотограф Марио Тестино, направи фасцинантни фотографии со британското кралско семејство, секако заедно со новиот член, принцезата Шарлот.

Тој беше официјалниот фотограф на крштевката на принцезата, портретирајќи неповторливи моменти заедно со семејствата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Малиот принц Џорџ изгледа неодоливо облечен во бело кошулче со етно мотиви и црвени шорцеви, исто како неговиот татко на семејните фотографии пре 30 години.

Крштевката се одржа во црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, во која во 1961 година била крстена и принцезата Дајана.

 

Објавено:
10 јули 2015
Категорија: 
Актуел