Меј Маск (74) во костим за капење на насловната на Sports Illustrated

18 мај 2022

„Го живеам својот живот и се чувствувам фантастично", ќе изјави Меј Маск, мајката на Илон Маск, која на 74. години позира во костим за капење за насловната на новото издание на престижниот магазин Sports Illustrated.

Веќе 50 години присутна на модната писта, вели дека никогаш не планира да се пензионира од оваа работа.

Дури и кога на 60 години решила дека ќе ја остави природната, седа боја на косата и кога ја убедувале дека со тој потег ја завршува својата кариера како модел, еве ја на насловна и во осмата деценија.

Овој потег на магазинот оди и во прилог на генерално позитивниот став на модната индустрија кон возрасните модели, што во последнава деценија е особено изразен.

Меј е активна на повеќе животни фронтови, како модел, писателка, активистка, мајка, баба на 12 внуци... Истовремено важи и за Икона на стилот, со смел пристап кон сите предизвици што ги нуди модниот свет.

Инаку, покрај Меј Маск, Sports Illustrated има уште три насловни за овој месец со: Ким Кардашијан, Сијара и Јуми Ну.

 

Објавено:
18 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.007 пати